На 28 април 2001 кај село Вејце беа масакрирани 4 припадници на единицата ”Волци” и 4 припадници од единицата ”Тигри”:
Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје
Бобан Трајковски од Куманово
Игор Костески од Скопје
Миле Јаневски од Македонска Каменица
Марјан Божиновски од Битола
Илче Стојановски од Породин, Битола
Кире Костадиновски Горно Оризари, Битола
Бошко Најдовски Долно Оризари, Битола
Вечна ви слава, почивајте во мир
Со положување свежо цвеќе на споменикот пред СВР-Битола и пред споменикот „Анѓел“ во Градскиот парк, денеска во Битола им беше оддадена почит на бранителите кои загинаа во конфликтот во 2001 година кај тетовското село Вејце.
,, Битола тоа никогаш нема да го заборави. Тоа се нашите млади херои кои што по патот на историските личности многу пожртвувано и несебично ги дадоа своите животи за оваа наша денешна независна и суверена Република Македонија. Денеска сме сведоци на нешто што треба да биде многу поучно за сите нас, за сите сегашни и идни генерации. Битола на достоинствен начин се оддолжува..
.Изградивме еден споменик во срцето на градот. Ова е споменикот на бранителите, кој што симболизира еден анѓел, една чиста душа, што всушност е стремеж на секој од нас да постигне совршенство. Исто така, со обележувањето на улиците со имињата на нашите херои, мислам дека тоа е достоинствено, да се сеќаваме на сето она што тие го направија како едно високо дело, една пожртвуваност, што е вистински пример за сите нас.,, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.