Секое 10-то дете не е дете на својот татко – Жени??


Тоа не се фантазии од спектакуларни сапуници, туку дел од резултатот на научни истражувања кои ги спровеле психолозите од филозофскиот факултет од Осиек и Риека – Петра Гундер, Игор Кардум и Јасна Худек-Кнежевиќ.

Повеќе од две третини мажи и околу 50 отсто жени во Хрватска се обиделе барем еднаш да преземат туѓ партнер, а во тоа 87 отсто донекаде успеале.

tatko i bebe2Истражувањето било спроведено анонимно меѓу 819 студенти на универзитетот во Осиек и Риека, ја помина рецензијата и објавено е во неодамнешниот број на меѓународното индексирано списание Општествени истражувања.

Иако се однесува на студенти на просечна возраст од околу 20,5 години и до некаде можат да отстапат од целината, авторите велат дека резултатите укажуваат на универзално однесување објаснето со еволутивни теории и всушност ги потврдуваат податоците познати од порано во светот.

И Асмир Грачанин, психолог од Универзитетот во Риека, тврди дека наведените податоци се прилично репрезентативни иако никогаш во целост, но психологот Мислав Стјепан Жебец од Хрватските студии на Универзитетот во Загреб изнесува низа методолошки забелешки, пред се дека студентската возраст е лош репрезент за популацијата на мажите и жените, како и тоа дека е ризично само врз основа на тоа истражување да се заклучува за сексуалното однесување на Хрватите.

Секој десети потомок не е дете на законскиот татко

Според литературата на која се повикуваат авторите, однесувањето е поврзано со еволуцијата во која преземањето на една од низата стратегии за зголемување на сопствената репродуктивна способност. Мажите се склони кон преземање на поголем број партнерки за краткотрајни врски, бидејќи таквото однесување им обезбедува репродуктивен успех без поголемо вложување во потомството, додека жените се мотивирани од брзо стекнување на ресурси, сметајќи дека мажите повеќе вложуваат во жените на почетокот на врската.

Father_and_Baby

Истражувањата во современите западни општества покажуваат дека вонбрачните неверства како еден од формите на преземање на партнер се јавуваат во 20 до 50 отсто бракови и се проценува дека дури и до 10 отсто потомство не се биолошки деца на законските татковци.

Меѓутоа, Жебец напоменува дека еволутивната теорија која авторите ја користеле како рамка само е една од многуте психолошки теории кои го објаснуваат однесувањето на човекот, а не е ни доминантна.

Истражувањата на тој проблем значително ги отежнува изразените социјални аномалии на преземањата проследени со насилства поради одмазда, социјално отфрлување, љубомора, прекин на врската или развод, истакнуваат експертите.

Но и без тоа, истражувањето на сексуалното однесување на Хрватите се уште се малубројни, а и таквите ретко доспеваат во медиумите. Во јавноста многу се поприсутни ставови на здруженија кои се против т.н. четврти модул на здравствено воспитување, за кое штотуку заврши јавна расправа. Тие здруженија заговараат верност на еден партнер, сексуална апстиненција пред брак и прокреативен секс, во чии темели е карактерниот закон.

Сексот пред брак е вообичаен за човековата природа бидејќи бракот е релативно новост, истакнува Асмир Грачанин и потенцира: Ако нешто е природно, не значи автоматски и дека е добро. И аргументите на природноста не вредат премногу за сериозни научници. На пример, природно е човек да умре од многу висока температура, но тоа сепак не е добро, т.е. не е пожелно.

Нагоните и здравственото воспитување

Ладислав Иличиќ од Здружението Грозд, кое се истакна како еден од клучните поддржувачи на тие ставови, се противи од појавата на некои истражувања да создава норма која се прогласува за идеал: Ако сите ученици во седмо одделение пушат, не значи дека тоа поради тоа е прифатливо – рече тој.

father-sleeping-with-baby-photo-420x420-ts-80403090

Тој признава дека човекот има нагони, но не го прави човек тоа што ги слуша нагоните, туку тоа како ги совладува и како ги управува.

Психологот Жељка Каменов од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб, токму тоа го гледа како аргумент за воведување на здравствено воспитување во училиштата.

Со младите треба да се води разговор за тоа дека нагоните се нормални, бидејќи се биолошки детерминирани, но треба да ги научиме како да ги контролираат за да функционираме во цивилизирано општество. Токму тоа се стекнува со социјализација во училиштата, имено да бидеме разумни и одговорни членови на општеството и во поглед на својата сексуалност и интимните односи, вели таа.

Уште во март 2007 година, група од 263 хрватски интелектуалци ја повика Владата при усвојување на Програмата за здравствено воспитување и образование да се почитува постоечкиот систем на вредности, уставното начело за заштита на детето и правата и одговорноста на родителот во воспитувањето на детето, како и да овозможи отворена научна расправа во која ќе се вклучат резултати на различни научни истражувања.

Меѓутоа, предупредува дека од една страна ќе мора да се почитува стручноста, бидејќи само експертите можат да кажат што е здраво, а од друга страна, поединецот да има право да одлучува за себе.

Што мислат за сексот Хрватите

– Мене лично не ми е познато дали постојат и емпириски податоци за тоа колку граѓани во Хрватска навистина заговараат сексуална верност кон еден партнер, кои методолошки се добиени, но сметам дека токму тие податоци мора да бидат еден од аргументите за расправа и без нив потезите на Министерството за наука, образование и спорт, научно се неосновани – оцени Жебец.

bebe rakaПрашањето за тоа што мислат Хрватите за сексот всушност не е за психолози туку за социолози, се оградува Грачанин и истакнува – да претпоставиме дури и мнозинството да го сметаат некое однесување за непожелно, прашање е што всушност тие исти луѓе самите прават. На научната психологија познато и е дека сите луѓе се склони понекогаш да работат едно, а всушност да имаат поинакви ставови за тоа. Тоа е исто така природно.
На Жељко Каменов не му е познато дека некој од нас и во светот со научни аргументи се спротивставил на тоа сексуално воспитување. Противењето во Хрватска се гледа како на обид во управувањето на јавниот живот, да се задржат уверувањата на штета на научните вистини.

– Ниту јас како научник, ниту претставниците на здружение на родители кои имаат верски одреден поглед на светот, немаме аргументи за спротивставување на сексуалното воспитување, туку бараме избор во содржината на програмите барем во некои модули на здравствено воспитување, при што тие содржини мора научно да се темелат – вели Жебец. Меѓутоа, според него, не постојат елементарни докази за научната основаност на курикулумот, некои прашања се за полот и родот, некои теми се непримерни за возраста на децата и др.

На прашањето околу исполнувањето на рестриктивните барања како воздржување од секс и како би се одразило тоа на човековото здравје, Грачанин одговара дека такво нешто никогаш нема да се исполни, а обидите тоа да се направи е губење на енергија и време и претставува свртување на вниманието од поважни теми.

Позитивната емоционална состојба секако е важен елемент за човечкото здравје, а ограничувањето на основните слободи може многу да влијае на нивнот намалување – предупредува Грачанин.

Hina/ Mia

###
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1