Секое семејство во САД ќе добие по 3.000 долари, како една од мерките за стимулација во екот на епидемијата


Американските федерални власти размислуваат да доделат по 3.000 долари на секое четиричлено семејство, и неповратни заеми за малиот бизнис во тек на две недели како мерки за поддршка на економијата во екот на епидемија на коронавирусот во САД.

Ова денеска за телевизијата „Фокс Њуз“ го изјави Стивен Мнучин, министер за финансии.

-Парите на семејствата ќе бидат исплатени со директни депозити на сметка во банка или во форма на чек (по пошта). Заемите за малите бизниси ќе бидат неповратни, како заштитна мерка на паричниот промет во тек на две недели, за компаниите да можат да исплатат плати на работниците и за други трошоци, изјави Мнучин.

Тој истакна дека вкупната помош за економијата на САД ќе биде во висина од 4.000 милијарди долари, сума без преседан што досега никогаш не била исплатена за време на криза. На вонредна седница, Конгресот денеска дискутира за пакетот мерки, и според Мнучин, пакетот треба да бидат изгласан утре.

-Мораме да ги пуштиме парите во оптек, и ако го сториме тоа, сметаме дека економијата ќе се стабилизира. Претседателот со право очекува ситуацијата да се подобри за четири до осум недели од сега, изјави тој.
Додаде дека финансиската криза нема да трае со години и „ќе направиме се да победиме оваа година“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1