Брачна двојка доживеала тешка сообраќајна несреќа, во која лицето на мажот било унаказено. Докторот му соопштил дека за пластична операција не може да ја искористи кожата од неговото тело, бидејќи бил премногу слаб.
Тогаш, сопругата се понудила да ја донира својата кожа. Меѓутоа, докторите процениле дека единствениот дел од телото кое одговара за операцијата е кожата од нејзиниот задник. Па така, двојката се договорила дека на никому нема да кажат од каде е земен “материјалот” за операцијата, а при тоа ги замолиле и докторите да ја чуваат нивната тајна.
По успешната операција и заминувањето од болница, семејство на двојката не можело да се изначуди на новото лице на мажот, кој изгледал подобро од било кога. Сите пријатели и роднини упатиле пофални зборови до неговиот изглед….Неколку недели по операцијата мажот и се заблагодарил на својата сопруга велејќи и: “Драга моја, сакам да ти се заблагодарам за се што направи за мене. Како да ти се оддолжам?”
-Драги мој. Доволно ми е што секој ден ја гледам твојата мајка како ми го бацува задникот, одговорила жената.