Секој швајцарец да прима по 2400 евра плата – 100 000 го подржале распишувањето на референдум


Комитетот за граѓански активизам собра 100,000 потписи колку што е потребно за распишување на референдум за предлогот, да сите возрасни граѓани примаат државата месечна плата од 2500 швајцарски франци односно по 2400 евра за цели за обезбедување на финансиска сигурност. Претходно оваа групација во Швајцарија побара од државата да распише референдум за предлогот да се стави на референдум и да се воведе основна плата за сите возрасни, откако собраа повеќе од 100.000 потписи колку што е потребно за распишување на истиот.

svajcarijaОрганизаторите на реферндумот на швајцарските власти ги предадоа потписите од над 100,000 граѓани и потоа пред зградата на парламентот во Берн го истоварија камионот со осум милиони парички од по пет рапена (единица помала од франк) по една кованица за секој жител на Швајцарија. Швајцарските закони допуштаат на граѓаните да организираат популарни иницијативи кои овозможуваат усмерување на гневот на јавноста во директна политичка активност.

Во таа земја годишно обично се одржуваат по неколку референдуми. Во март годинава швајцарските гласачи изгласаа воведување на една од најстрогите контроли на платите на раководителите на компаниите, па јавните претприемачи мораа на акционерите да им дадат право на глас за компензација за раководителите.

Во Швајцарија на 24 ноември е закажан референдум за ограничување на месечните плати за раководителите на износ од една годишна плата на најслабо платениот работник во компанијата , што се нарекува иницијатива 1:12.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1