Бојадисаните јајца се симбол на новиот живот и се неодминлив дел од Велигден и велигденските обичаи. Боите можат да бидат различни – од жолта, сина, виолетова, црвена, тиркизна, зелена и други. Која и да ја изберете нивната цел е иста – да се израдуваат децата и да покажеме како веруваме во новиот живот.
Но, дали знаевте дека секоја боја си има свое значење? – еве кое
– Црна – вечност
– Жолта – светло, среќа
– Црвена – божествена љубов, надеж
– Кафеава – среќа
– Бела – чистота, невиност
– Портокалова – издржливост и сила
– Зелена – раст
– Виолетова – надеж и вистина
– Сина – здравје
Исто така, и знаците на јајцата имаат свое симболично значење:
– круг околу јајцето е вечност,
– точките се солзите од Марија,
– триаголникот е симбол на светото Тројство.
Како украсни предмети кои станаа дел од велгденската традиција служат пилиња, зајачиња, кокошки, петли како и комбинација од сите при правењето декорации, без разлика дали ќе се решите да ги правите сами или да ги купите.
Теа Модерна