СЕКОЈА ЧЕСТ: Драган Бјелогрлиќ спаси 11-годишно момче од смрт


Во српските медиуми беше објавена веста за херојскиот подвиг на актерот Драган Бјелогрлиќ, кој во петокот го спасил 11-годишно момче Лав Томиќ од сигурна смрт.

момчето си ја пресекло раката од дланката до лакотот, а крвта од артеријата не престанувала да тече. Бидејќи брзата помош не успеала да стигне до местото на несреќата, Бјелогрлиќ, кој бил во близина, со својот автомобил го одвел повреденото дете во болница. Таму лекарите му ја оперирале раката и рекле дека само неколку минути го делеле од сигурна смрт, бидејќи изгубило премногу крв.

Малиот Лав е добар и ќе биде пуштен дома пред празниците.

Српскиот актер и продуцент Драган Бјелогрлиќ за многумина е вистински херој откако со својата брза реакција му го спасил животот на 11-годишното момче Лав Томиќ. Соседите на момчето и сведоците на настанот со восхит раскажуваат за подвигот на Бјелогрлиќ, но актерот не се смета себеси за херој.

„Можам само да ви кажам дека тоа се случи навистина. Сметам дека секој човек би постапил на ист начин и би му помогнал на детето“, рекол накусо актерот за „Блиц“ и не сакал да дава други изјави.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1