Секс видео на двајца ученици во тоалет во средно училиште објавено на Јутјуб


Гимназијата во Подгорица „Слободан Шкеровиќ“ е потресена од скандалот за кој се пишува на сите страни. Видео од сексуален однос меѓу двајца ученици од ист клас е објавено на социјалните мрежи. Сето тоа се случило во тоалетот на училиштето.gimnazija-slobodan-skerovic-podgorica-696x456
Според неофицијални информации на „Новости“, најмалку еден ученик е избркан од ова училиште затоа што имал секс. За овој случај, кој ги вознемирил наставниците, децата и нивните родители, се уште не се огласила директорката Зоја Бојаниќ Лаловиќ. Таа ги одбивала сите контакти со новинарите.

Професор по социологија на д-р Срѓан Вукадиновиќ за „Новости“ вели дека овој настан ја покажува суровата реалност на црногорското опшество во кое насилството доминира во различни форми.

– Насилството е форма на престиж меѓу младите луѓе и се плашам дека тоа драстично ќе се зголеми, – коментирал Вукадиновиќ, кој додал:

– Младите луѓе спаѓаат во спирала на насилство, односно погрешен производ им се нуди. И таму, за жал, семејството не се прашува, особено оние во кои богатите родители мислат дека со пари можат да обезбедат се за детето, завршил професорот.

Гимназијата во Подгорица, исто така, неодамна беше предмет на озборување, кога професор по историја беше осуден во Србија. Тој, наводно пред пет годинибил уапсен поради обвинение дека сексуално нападнал девојка од Нови Сад и беше осуден на осум месеци затвор.

СЕ Е ИЗБРИШАНО

Ученичката која е дел од снимката на друштвените мрежи и понатаму оди на училиште, но непознато е дали оди и „снимателот“ кој го овековечил овој чин. Снимката која предизвика голем интерес во јавноста е избришана нелпчли ќаса откако е објавена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1