“Секс за опстанок” – искористувани жени и деца во бегалските кампови


Жените и децата кои патуваат сами, немаат пари и засолниште и  се во најголем ризик од сексуално насилство. Од Агенцијата на ОН велат дека дел од насилството се случува во бегалските центри во Грција, кои само во последните пет дена примија над 48 000 мигранти, а 200 од нив пристигнале на островот Лезбос. Освен жените и децата се принудени да имаат секс со посредници, за да продолжат по патот кон Европа, изјавија од ОНmigranti_9_1-172611

Во Агенцијата на ОНН за бегалците добиле изворни  информации за тоа како мигранти и бегалка прават “секс за опстанок”, при што истакнаа дека вистинскиот размер на проблемот е непознат.

“Врз основа на приказни и индикации добивме информации за тоа дека децата се принудени да прават секс за опстанок, со кој се плаќаат на посредници, за да продолжат по својот пат, или бидејќи парите им завршиле, или затоа што биле ограбени”, се вели во соопштението на ОН.

Портпаролот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН Мелиса Флеминг вели дека криминалните групи и други бегалци може да стојат зад ова насилство.

“Ги повикуваме сите вмешани национални власти во Европа да преземат мерки за да ја гарантираат безбедноста на жените, девојките и децата”, додаде таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1