Сексуално преносливата болест-кламидија, прави проблеми во Македонија. Најмногу последниов период е застапена во Штип.
Станува збор за сексуално преносливата кламидија, болест од која за една година се регистрирани 270 заразени жени, или по 57 на секои 10.000 жители, што оваа болест ја прави најчесто пренослива зараза во oпштината.
– Бројот на заболени секоја година е најмалку за 50 проценти поголем, зашто пренесувањето е лесно. Иако станува збор за болест со сериозни последици, знаци што ќе предупредат за нејзиното присуство речиси и нема: болеста нема симптоми, се открива со преглед, а ако не се лекува, може да премине во хронично заболување и да предизвика стерилитет, појасни прим. д-р Велик Грков, директор на Центарот за јавно здравје-Штип, а пренесе Нова Македонија.
Лекарите советуваат редовна посета на гинеколог и внимавање на хигиената.
Повеќе на Нова Македонија