Села: Да не беше мојата потпретседателка, лидерската ќе беше собир на клуб на мажи


Ние го подобривме имиџот на овој состанок со тоа што бев со потпретседателката инаку ова ќе беше само собир на клуб на мажи, рече лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, по вечерашната лидерска средба во претседателската Вила Водно на која дојде со потпретседателката на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази.

– Заеднички став на сите партии е дека немаме друга опција и дека сите треба да одиме на патот кон ЕУ изјави лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

– На 12 април одиме на предвремени парламентарни избори. Ние како партија бевме подготвени и за други датуми. Но, 12 април е добар датум за да ја почекаме Шпанија (да го ратификува Протоколот за НАТО), рече Села.

Тој нагласи дека „12 април е можност за да се донесе промена и да се врати демократијата“.

– Да ја вратиме надежта на младите од кои многумина бегаат од државата немајќи услови за живот, немајќи образование, здравствен систем, истакна Села.

Во врска со одржувањето на пописот, Села оцени дека нема причина тој да не се одвива и за време на кампањата и по завршување на изборите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1