Села почнува да прави чистки во Струга


Новиот градоначалник на Струга, Зијадин Села, почна да отпушта вработени во јавните претпријатија, а прв на удар се најде директорот на струшки „Комуналец“, јави А1он.

zijadin sela„Во образложението на одлуката било наведено „непочитување на одлуките на новиот градоначалник на Струга, Зијадин Села. На негово место како в.д. директор е назначен Аќип Ајро, човек кој важи за близок до новиот градоначалник и партиски поддржувач на ДПА. Сè поверојатно е дека ќе дојде до смена и на секретарот во општина Струга, Зоран Гулицоски, кој на оваа функција се наоѓа цели 14 години и кој за време на владеењето на Рамиз Мерко важеше за алфа и омега во општина Струга“, објави порталот.

Неотповиклива оставка поднел и диекторот на основното училиште во селото Лабуништа, Мухамед Селмани, кој навел дека не може да раководи со воспитно образовната институција поради огромни долгови кои ги има училиштето и заради блокирани сметки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1