Пратеникот од Алијансата за Албанците, Зијадин Села, побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се изгласа закон за СЈО и формирање Специјален суд, а потоа да се оди на нови избори.
– Имам чувство како да сме во предизборна кампања. Имавте мандат и тогаш постоеше декларација, но проблемот беше СЈО, а не декларацијата. Сакате да избегнете одговорност – рече Села.