Селена Гомез си ја отвори душата: Бев на хемотерапија, не знаете низ што поминав


Пејачката Селена Гомез првпат за магазинот Билборд зборувала отворено за својата автоимуна болест.

Таа ги откажала сите концерти на почетокот на 2013 година, кога сите се посомневале дека отишла на некој вид на рехабилитација.james-franco-selena-gomez-baby

Селена примала хемотерапија и не можела да верува дека во тој момент за неа се пишувало дека е зависничка.

-Паузирав затоа што итно морав да се лечам. Можев да доживеам мозочен удар. Кога слушнав што зборуваат луѓето за мене, имав потреба да кажам дека немаат ни идеа низ што поминувам, изјавила пејачката.

– Не сакав да се појавувам во јавноста се додека не бев повторно сигурна во себе. Ми требаше време за повторно да се почувствувам удобно во сопствената кожа, објаснила Селена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1