Зборувајќи за покојниот сопруг во интервјуто, канадската пејачка Селин Дион открива дека Рене Анжелил е единствениот маж што го сакала и дека со него и се поврзани сите страстни искуства.
Славната двојка се запознала кога Селин имала само 12 години, но нивниот однос бил професионален се до 1987 година, кога ја започнале емотивната врска. Венчавката била во 1994 година и останале заедно се до неговата смрт во јануари годинава.
„Пред да не напушти на сите ни беше исклучително тешко, а особено мене и на моите деца , бидејќи го гледав човекот на мојот живот секој ден како малку по малку умира. Кога замина, тоа беше олеснување. Тој беше единствениот што го имам бакнато, и единствениот што сум го сакала“, изјавила славната Канаѓанка
.Таа додава: „Да, Никогаш не сум бакнала друг маж. Човекот на мојот живот беше мој партнер и ние бевме како едно. Така, кога престана неговото страдање, си реков: тоа е во ред и не треба да се мачи“, објаснува пејачката и открива дека не гледа можност во иднина повторно некого да засака, бидејќи, како што вели, нејзиното срце е со Рене.
Во интервјуто, Селин изјави и дека сè уште е вљубена во Рене и дека не е подготвена за нов маж во нејзиниот живот. „Јас љубам. Јас љубам. Го љубам него. Сè уште сум вљубена во него. Ја имам и љубовта на моите деца. Ја имам љубовта на моите фанови. Ги сакам луѓето со кои работам. Па, мојот живот не е без љубов“ – вели таа.