Семејна трагедија: 5 год дете си играло со пушка и ја убило својата 2 год сестричка (Видео)


Петгодишно момче денеска случајно ја убило својата двегодишна сестра во американската сојузна држава Кентаки, додека си играл со 22-калибарска пушка што ја добило како подарок од родителите

news_111687Локалната полиција соопштила дека мајката на двете деца во моментот кога се случил инцидентот, се наоѓала пред куќата и кога го слушнала истрелот веднаш влегла внатре каде го нашла девојчето кое било пренесено во болница. Меѓутоа лекарите единствено што можеле е да констатираат смрт на двегодишното дете.
Петгодишникот пушката ја добил како подарок минатата година, а оружјето било чувано во аголот на една од собите во куќата.
Станува збор за помал модел на оружје, кое под слоганот „Мојата прва пушка“се рекламира како оружје за деца ,, мојата прва пушка,, на интернет страницата на производителот „Крикет“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1