Семејствата на осудените за „Диво Насеље” добија по 10.000 евра – реакциите не стивнуваат


Косовското Mинистертво за финансии ја реализираше одлуката на Владата и на 29 семејства на загнатите и осудените за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година.

– Испатени се 290 илјади евра, пропорционално за 29 семејства на загнатите и осудени лица во настаните во Куманово, онака како што беше предвидено со одлуката на Владата од 10 октомври 2017 година, изјави за Инсајдер Мухарем Шабани, портпарол на Министертвото за финансии.

Донесената одлука на Харадинај тогаш наиде на критика во косовската јавност. Директорка на медиумската групација „Коха“, Флака Сурои, за порталот лајми.нет тогаш изјави дека членовите на „Кумановската група“, осудени се од судот во Македонија, за неколку кривични дела како нарушување на уставниот поредок, тероризам и терористичка организација, и затоа доделувањето средства на нивните семејства е несфатливо.

Таа оцени дека иронијата е уште поголема зашто Косово еден месец пред настаните од 2015 година во Куманово, во парламентот го донесе “Законот за забрана за учество во оружени конфликти надвор од територијата на државата.

– Во Куманово се случи тежок инцидент. Уништена е речиси е цела населба. Не сфативме што бараа вооружените косовци во Куманово. Ниту кој ги испрати таму, ниту кој ги убеди да отидат таму, ниту пак поради кои причини. Доделување пари од буџетот на Косово за семејствата на осудените за кривични дела извршени во друга држава нема никаква логична смисла. Да кажеш дека осудените отишле во Македонија да војуваат поради идеал – тоа е да го прекршиш “Законот за забрана за учество во оружени конфликти надвор од територијата на државата“, кој го донесе Собранието на Косово во април 2015 година, значи еден месец пред да се случи Куманово, изјави Сурои.

Побара, ако Владата има информации кои јавноста не ги знае за овој случај, да излезе и јавно да ги каже. Инаку, нагласува таа, на овој начин, Приштина втемелува преседан според кој некој осуден за кривично дело од прв степен, ќе има право да си земе компензација од државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1