СЕМЕЈСТВО БЕГАЛЦИ ЗАРОБЕНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО МОСКВА ПОВЕЌЕ ОД 2 МЕСЕЦА!


Курдистанско семејство во Москва пристигна на 10 септември со сиријски пасоши, а во Русија допатувале со туристички визи. Граничарите веднаш ги обележиле како сомнителни бидејќи носеле многу багаж за луѓе кои доаѓаат како туристи.

Касан Ахмет Або и неговата сопруга Гулистан Иса Шако живееле во Ербил, главниот град на ирачкиот Курдистан, се до минатото лето кога започнаа нападите од ИД. Тогаш тие решиле заради безбедност да ги земат својте 4 деца и да побегнат во Русија. Минатиот месец побараа азил, но добија тужба за нелегално преминување на границата и парична казна.Moskva-aerodom-iybeglice-620x350

По доаѓањето во Москва, семејството побарало азил од руските власти, но тие беа заробени на аеродромот дури 2 месеци, живееше во стаклена коцка и преживуваше од милостината на патниците кои минуваа од тука. Побегнаа од теророт на џихадистите, но доживеаа поинаков вид на малтретирање.

-Одлучивме да одиме во Русија и да ги спасиме нашите деца од војна. Тука живее мојата сестра и мислиме дека е нормално подрачје за нашите деца – изјавила Гулистан.

Курдистанско семејство во Москва пристигна на 10 септември со сиријски пасоши, а во Русија допатувале со туристички визи. Граничарите веднаш ги обележиле како сомнителни бидејќи носеле многу багаж за луѓе кои доаѓаат како туристи.

После 20 дена, руските имиграциони служби решиле да го разгледаат нивното барање за азил, но тогаш тие го започнале кривичното гонење за нелегално преминување на границите и на 14 ноември донеле одлука дека мораат да платат казна од 150 евра. Делува малку, но тоа е многу за семејство кое преживува од милостина.

Само 6 дена по плаќањето на казната, семејството е сместено во привремениот центар за згрижување на бегалци. Таму добиле кревети, храна и вода да се избањаат, а одговорот за барањето за азил сеуште го чекаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1