Семејство од Канада живее без модерна технологија – без мобилни, интернет, компјутери (Видео/Фото)


Семејството Гвелф од Канада живее без напредна технологија. Тие немаат мобилни телефони, компјутери, ниту пак интернет. Тој се одлучил на овој чекор кога пред некое време го прашал својот пет годишен син дали сака да си играат во дворот, а син му одбрал да се игра на компјутер.

tehnologijaТоа го натерало да размислува за детството, и колку денес младите се зависни од модерната технолоигја.

Постојано се сеќавал на неговото детство и на фактот што во негово време нитуедно дете не можело да седи дома повеќе од 30 минути – и тогаш му текнало: што ако може да се врати во времето и на своите деца да му го подари детството кое тој го имал? Почнувајќи од април, целото семејство се откажало од технлогијата.

Тие слушаат музика на касетофон, праќаат вистински писма, одат на гости кај пријателите. Користат камера со лента и немаат уред за навигација туку вистинска мапа. Откажувањето од сите овие уреди кои го прават животот поедноставен не било лесно, а Блер признава дека му биле потребни неколку недели да се одвикне од телефонот.

Но, искуството го направило семејството поблиско и им дало можност да седнат и да зборуваат меѓу себе повеќе отколку порано.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1