Семејство повредено во инцидентот во Радишани


Четири члена од семејство се повредени во синоќешниот инцидент во скопската населба Радишани. Според информациите од полицијата околу 22:00 часот дошло до расправија, која преминала во тепачка меѓу две групи, сите од Радишани.

policija-lenta-540x312Во инцидентот повредени се 74-годишната Ш.З., Џ.З. (20), Б.З. (23) и Ф.З. (43) кои се пренесени во градската болница „8. Септември“.

По расправијата и тепачката, според полициските информации, 26-годишниот А.Д., кој бил дел од втората група, влегол во „БМВ“, по што се упатил кон толпата луѓе, удрил во нив и избегал.

Откако случајот бил пријавен во полицијата, А.Д. е пронајден, извршен е увид на местото на инцидентот, но се трага и по другите учесници во тепачката.

Дополнително треба да биде утврдено и дали членовите од семејството повредите ги добиле за време на тепачката или по ударот од автомобилот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1