Едно лице е починато, а четворица повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево на патот Куманово-Скопје.Сите пет лица се членови на едно семејство од кумановското село Черкезе.
Починатиот е 44-годишниот Беадин Р., а во несреќата повредени се неговите роднини Б.Р. (27), Ф.Р. (32), А.Р. (51) и А.Р. (21).
Несреќата се случи кога автомобил марка „БМВ“ во кој било семејството удрило во заштитна банкина од засега непознати причини.
„Телеграф“ објави страшни фотографии направени на терен од нивниот фоторепортер Влатко Перковски.