Семејството на лекарката Јелка Масин ќе бара дополнителна истрага


Заврши истрагата за смртта на 53 годишната Елка Масин, позната лекарка од Клиниката за нефрологија и професорка од Медицинскиот факултет која беше пронајдена мртва во незиниот дом со убодни рани по телото

Смртта на лекарката Елка Масин настанала од самопровредување, односно таа сама си го одземала животот, потврди за НОВА Основното јавно обвинителство. Истрагата покажала дека врз телото на лекарката која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во скопската населба Капиштец, нема други траги од физичко насилство, ниту од борба. Со тоа истрагата е завршена, а ОЈО смета дека нема место за јавно обвинителска интервенција во поглед на смртта на починатата лекарка од Клиниката за нефрологија.

„Писмениот извештај и мислење од извршената обдукција на починатата, доставен од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје упатуваат на тоа дека врз телото на починатата нема други траги од физичко насилство, ниту од борба. Утврдено е дека сега починатата сама се лишила од живот, односно дека раните настанале од само повредување.

По прибирање на севкупниот материјал и негова анализа, траги од лице место на настанот, извештаи од многубројни вештачења, обдукцискиот протокол како и дополнителните вештачења, вештачењето на ДНК трагите, снимките од видео надзорот од околните објекти, изјави од сведоци и од сослушувања на лица, надлежниот јавен обвинител утврди дека нема елементи на сторено кривично дело поврзано со смртта на сега починатото лице. Од тука, јавниот обвинител донесе Резолуција со која е констатирано дека доказите поврзани со овој кривично правен настан не упатуваат дека е сторено кривично дело“, се вели во одговорот од Обвинителството.

Од ОЈО објаснуваат дека по извршениот увид на лице место, по наредба на надлежен јавен обвинител биле обезбедени траги од лице место врз кои било извршено вештачењето.

„Извештаите од вештачењето, меѓу другото, укажуваат на тоа дека не се пронајдени траги од ДНК од други лица на местото на настанот, односно не е пронајдено присуство на друго лице кога настапила смртта кај сега починатата.

Надлежниот обвинител изврши испитување на лица кои со својот исказ дадоа податоци потребни на истрагата. Извршен е разговор со сопругот на сега починатата кој го пронашол телото. Извршена е проверка на неговото алиби, како и анализа и вештачење на гардеробата кој ја носел, која согласно видео записите ја имал на себе на денот на настанот. По извршените анализи е утврдено дека истиот не бил присутен во моментот кога настапила смртта кај сега починатата“, се вели во одговорот од ОЈО.

Познатата 53 годишна лекарка и професорка на Медицинскииот факултет беше пронајдена мртва на 9 мај минатата година, со повреди од нож. Повредите биле во пределот на рацете каде што и биле исечени вените, а имала и убодна рана на вратот.Телото на лекарката во нејзиниот дом го пронашол сопругот кој повикал брза помош. Засега случајот се води како незнаена смрт.

Семејството на починатата лекарка Елка Масин не е задоволно од истрагата на Основното јавно обвинителство и ќе бара дополнителна истрага, пишува порталот НОВА ТВ. Сестрата на лекарката во изјава за овој медиум вели дека многу се вознемириле од резултатот од истрагата, за која дознале од информацијата на НОВА. Семејството смета дека прво тие требало да бидат известени, но досега никој ниту ги известил ниту ги контактирал.

– Крајно сме незадоволни како е водена истрагата. ОЈО требаше прво нас, како семејство да не известат. Никој досега не не викнал, ниту од МВР, ниту од Обвинителство. На сослушување беше повикан само сопругот. Кога прашувавме и баравме одговори ни беше кажувано дека случајот е многу замрсен, дека има сомнеж за самоубиство, но дека повеќе личи на убиство. Дека не е „ниту риба, ниту девојка – изјавила за НОВА, Марија Димитровска Масин, сестра на починатата лекарка Елка Масин.

Таа тврди дека се околу смртта на нејзината сестра е многу мистериозно и дека целата истрага е водена лошо и многу чудно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1