Семејството на Тамара бара нова обдукција


Семејството на Тамара Димовска не им верува на резулатите од обдукцијата што вчера ги објави Државниот санитарен и здравствен инспекторат дека нивната ќерка починала од бронхопневмонија, а не од сколиоза. Бараат да се направи нова обдукција, но во друга независна лабораторија, објави Телма.tamara1-500tbh5yh45ey454

– Не е фер, немаат право да ги објавуваат тие резултати. Како прво јас имам право на тие резултати, треба да ги одбијам, но зошто не ги добив се`уште не е јасно. Иако мојот адвокат вчера ги побара, му кажале дека имале забрана да ги дадат. Зошто ја направија таа обдукција и зошто јас немам право на тие резултати? Јас денес поднесувам барање за сето тоа да ми се достави, и на сите тие примероци земени од Тамара можно е да се прави повторна обдукција, бидејќи на овие навистина не им верувам – рече Жаклина Димовска, мајка на Тамара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1