Сенатор го сменил ставот за Геј браковите откако дознал дека синот му е Геј


Американскиот сенатор од Републиканската партија, Роб Портмен, кој беше познат во јавноста како противник на хомосексуалните бракови, го смени својот став откако дознал дека синот му е хомосексуалец.

senator-Дојдов до заклучок дека, ако двајца луѓе се подготвени доживотно да се обврзат на љубов и меѓусебна грижа во добро и зло, владата не би требало да им ја ускрати можноста да се венчаат-објасни сенаторот Портмен.

Сенаторот рече дека неговиот став кон геј браковите започнал да се менува во 2011 година, кога неговиот син Вил признал дека е хомосексуалец и дека тоа не е негов избор, туку дел од неговата личност. Портмен рече дека тој и неговата сопруга биле многу изненадени, но му дале поддршка на синот.

Портмен наведе дека неговиот поранешен став кон геј браковите влечел корени од Методистичката црква, на која тој и припаѓа.

Тој како член на Претставничкиот дом во 1996 година, гласаше за Актот за одбрана на бракот, кој бракот го дефинира како заедница меѓу маж и жена, и на сојузно ниво забранува признавање на истополовите бракови.

Портмен беше еден од потенцијалните претседателски кандидати на републиканската партија на последните избори, но во таа партија сепак се определија за Мит Ромни.
Портмен вели дека Ромни знаел за сексуална ориентација на неговиот син Вил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1