Популарната скопска сендвичара Седмица од утрово има клуч на врата.
Сите кои сакале денот да го почнат со легендарниот сендвич на скопската сендвичарница наидуваат на заклучени врати пломби и налепници дека објектот е затворен од Управата за јавни приходи.
Од УЈП велат дека се констатирани неправилности во делот на готовинскиот промет и фискализацијата. Согласно законот, објектот ќе добие забрана за вршење на дејност во наредните 30 дена и глоба која може да достигне и до 3250 евра.
Од УЈП не успеавме да добиеме информација дали е затворена и сендвичарата во Аеродром.
Press24