Сензационално откритие: Археолозите го пронашле местото каде што му се судело на Исус!?


Не постои натпис кој потврдува дека тоа се случило токму тука, но сите историски, археолошки и евангелски извештаи на ова место се поклопуваат и добиваат смисла – вели професорот по археологија Шимон Гибсон.

Археолозите се убедени дека ги пронашле остатоците од палатата на кралот Ирод, а со тоа и местото каде според Новиот Завет, му било судено на Исус Христос – пишува Индепендент. Тие копале под напуштена зграда во близина на „Давидовата кула“ и откриле остатоци од палата.davidova kula isus sudenje

Според Новиот Завод, судењето а Исус е одржано во палатата на Ирод, за која се сметало дека е некаде на западот на Ерусалим. Опишано е дека „на Исус му е судено во близина на капијата, на нерамен камен под“ – детали кои се совпаѓаат со откритието во близина на Давидовата кула.

Копањето кај Давидовата кула почнало пред 15 години, како дел од планот за проширување на Музејот сместен во кулата. Најнапред бил ископан стар затвор, користен кога Ерусалим бил под османлиска власт. Кога археолозите продолжиле со копањето, под затворот нашле делови од ѕидови и канализациски систем кој би можело да припаѓа на палатата на кралот Ирод.

Според светото христијанско писмо, Исус од Назарет бил изведен пред Пилат во „преторијата“, што на латински е шатор на генералот во рамките на римски камп. Некои луѓе под тоа подразбираат касарна, додека други тврдат дека тоа веројатно би можело да биде палата изградена од Ирод, зашто Пилат би бил негов гостин.

Повеќето научници се согласуваат дека палатата на Ирод била сместена на западната страна на градот – каде што, всушност, сега се наоѓа Музејот во Давидовата кула.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1