Серискиот убиец Чарлс Менсон (80) ќе се венча во затвор со 26-годишна девојка (Видео)


Американскиот масовен убиец Чарлс Менсон (80) добил дозвола од затворските власти за да се ожени со една 26-годишна жена, која изминатите години редовно го посетувала во затворот во Калифорнија.

star-manson-625x352

Дозволата за венчавката на Менсон и Афтон Илејн Бартон била издадена пред десет дена. Таа се преселила во Калифорнија пред девет години за да може да биде поблиску до Менсон, кој во затворот ја издржува казната доживотен затвор за тешкото злосторство што го изврши пред 45 години.

Неговата избраничка изјави дека венчавката е предвидена за идниот месец, иако дозволата на затворските власти има важност од 90 дена.

Чарлс Менсон беше осуден на смрт за убиството на седум луѓе и на едно неродено дете во 1969 година.

Една од убиените жртви беше и тогаш младата холивудска актерка, Шерон Тејт. Таа беше сопруга на режисерот Роман Полански и бремена кога во нивната куќа во Холивуд упадна Менсон со своите истомисленици, извршувајќи, како што подоцна објаснуваа на судењето, „култно убиство“.menson-youtube_620x0-564x309

Шерон Тејт и нејзините случајни гости беа брутално убиени со нож и застрелани. Сопругот Полански таа вечер не беше дома.

Во злосторствата, во кои во две ноќи во август 1969 година беа убиени седум невини лица, учествуваа Менсон и три други жени кои заедно го сочинуваа култот што се нарекуваше „Семејството на Менсон“. Полицијата тогаш тврдеше дека имале намера да предизвикаат расни убиства.

Сите четворица беа осудени на смрт, но казната им беше заменета со доживотен затвор, откако Калифорнија во 1972 година привремено ја стави вон закон смртната казна.Carls-Menson-830x553-564x272

Во 2012 година властите ја одбија молбата на Чарлс Менсон за помилување. Тоа беше 12 по ред одбивање на неговото барање да биде пуштен од затвор.

Следната можност за поднесување ваква молба ќе ја има во 2027 година, кога ако биде жив, ќе има 93 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1