Северина ќе се мажи – синот на Кеба ја запроси!


Игор Којиќ, синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, наводно во неделата во Загреб ја запросил својата нова девојка, хрватската пејачка Северина Вучковиќ, шпекулираат хрватските медиуми. Како што тврделе некои поединци, свадбата е закажана за во септември.Severina keba

Северина наводно ќе направела голема забава на која на роднините и пријателите ќе им го претстави своето ново момче Игор Којиќ. Како што пишува еден српски магазин, прославата ќе биде во мај и ќе има 200 гости.

– Северина има неколку слободни денови во мај, па се сетила да направи прослава, на која за прв пат пред луѓето ќе се појави рака под рака со Игор. Нејзините родители сеуште не го запознале иако неколку пати бил во Хрватска. Го виделе само најблиските членови на семејството на Северина. Тие добро се криеле, но сега кога сфатиле дека нивните емоции се јаки, ја обелоденија врската. Северина е толку заљубена, што не ја интересираат никакви коментари, ни реагирања на нејзината нова врска со петнаесет години помладо момче, рекол извор близок на пејачката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1