Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на обиколката на воените единици на војниците им порачал да се подготват за претстојниот судир со САД, објавија денеска локалните медиуми. Ун, често ги посетува единиците на терен за да им даде „смерници“ за борбена готовност. Тој најчесто ја фали војската и им носи подароци какопушки и двогледи како симбол за нивната будност, но овојпат тој ги искритикувал поради нивниот опуштен изглед. „Вровниот командант изјави дека ништо не е поважно од подготовката за борба пред претстојниот судир со САД“, изјави севернокорејската агенција КЦНА. Американскиот Претседател Барак Обама во вчерашниот говор во Сеул, го предупреди Ун да не се подготвуваат за нова нуклеарна проба и го предупреди Пјонгјанг на нови санкции. Северна Кореја до сега има објавено три нуклеарни проби, во 2006, 2009 и 2013 година.