Шарпланинец нападна дете


Шарпланинец каснал десетгодишник вчера во Неготино, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Настанот се случил кај местото викано „Антена”. Додека група деца си играле, кај нив поминало лицето И.Т.(18) шетајќи го неговото куче од раса шарпланинец врзано со ланец, но без заштитна корпа.

– Кога кучето дошло до едно од децата, десетгодишен малолетник, скокнало и го каснало за левата рака, при што, му нанело видлива телесна повреда, рече Додевски.

Детето било пренесено во најблиската приватна здравствена ординација, каде му била укажана медицинска помош.

Настанот бил документиран од овластени службени лица од Полициска станица од општа надлежност Неготино.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1