Шефот на кабинетот на Рафиз Алити, Арменд Фазлиу осомничен за пожарот во Македонска пошта, е пуштен да се брани од куќен притвор.
Тој од минатата недела ја напуштил Шутка. Информациите за Канал 5 ги потврдија од скопскиот кривичен суд.
Откако му беше одреден притвор до неговата смена со куќен притвор, биле сослушани битни сведоци и изведени други докази и истражниот судија проценил дека има основ да му се определи куќен притвор.Истрагата се уште е во тек и не се открива на кој начин се сомничи Фазлиу дека е одговорен за пожарот. Директорот Рафиз Алити во изјава за Канал 5 тврдеше дека Фазлиу е невин и дека неговото приведување е политички мотивирано.
Kanal5