Шефот на полицијата го шокираше светот – знам што се случи си исчезнатиот малезиски авион


Наводно, генералот Сутарман на состанок пред свои колеги рекол дека знае што се случило со исчезнатиот авион. Со ова се потврдуваат сомнежите дека високи полициски претставници одамна знаат како исчезнал авионот – пишува Мирор.

– Зборував со шефот на полицијата на Малезија, Тун Мохамед Ханиф Омар. Јас знам што всушност се случи со MH370 – рекол генералот Сутарман на состанокот – објави индонезискиот портал Kompas.com.malezija

Главниот инспектор на малезиската полиција Калид Абу Бакар, наводно бил шокиран откако прочитал за овие коментари на индонезискиот шеф на полицијата и рекол дека ќе разговара со него.

Боингот 777 со 239 патници и членови на екипажот, кој леташе од Куала Лумпур до Пекинг, исчезна пред 6 месеци.

Се најавува нова истрага која треба да почне следниот месец и ќе чини десетици милиони долари.

До сега се пронајдени 58 тврди објекти во јужен Индиски океан.

Допрва треба да се проверат претпоставките дека тоа се остатоци од исчезнатиот авион.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1