Шеик почина на 120 години – има 98 годишен син и 446 потомци


Најстариот човек во Саудиска Арабија, шеик  Авад бин Абдул Азиз бин Саифи Куарни, почина на 120- годишна возраст, а зад себе остави 447 потомци, вклучувајќи го и 98-годишниот син, како и уште 23 деца, голем број внучиња и правнучиња.

seikШеик Авад почина во својата куќа во селото Ал Бададха, а  пред смртта немал никакви здравствени проблеми. Водач на племето бил речиси сиот негов живот.

Зад себе остави 24 сина и ќерки, кои ги добил од различни жени, вклучувајќи го и најстариот син кој има 98 години, како и најмладиот син кој има 22 години. Неговиот најстар внук има 65 години.

– Шеик Авад е роден во 1893 година. Живееше во три века.

Неговото племе и останатите жители од селото ќе го паметат како искрен, мудар и сакан човек, се наведува во весникот на Сабку.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1