Шеикот во шок: Нема никој на работа (ВИДЕО)


Владетелот на арапскиот емират Дубаи ненајавено се прошетал низ канцелариите на јавните служби и во луксузно опремените простории на шефовите начекал само празни столови.

Ненадејната инспекција на шеикот Мохамед бин Рашид се одвивала во неделата рано наутро (по локално време), но неделата е вообичаен работен ден во Дубаи, па шеикот очекувал дека во канцелариите на јавните служби, луѓето ќе бидат на своите работни места.seik

Но како што се гледа на снимките кои на твитер, ги објави владината служба за медиуми, единствената личност која била таму во 7.30, бил владетелот на Дубаи, кој во текот на својата ненајавената инспекција не бил во прилика да види ниту едно лице, освен своето на фотографиите кои биле закачени по ѕидовите.

Шеикот е познат по своите утрински инспекции со кои сака да испрати порака до службениците дека во работата мораат да се држат до светските стандарди, посебно кога станува збор за навремено доаѓање на работа.

Владината канцеларија за медиумите во Дубаи не ги објави имињата на шефовите кои не биле на работа додека шеикот шетал по нивните празни канцеларии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1