Шекеринска и Заев го преземаат СДСМ?


Зоран Заев и Радмила Шекеринска го преземаат лидерството на „Бихаќска“. Според извори од СДСМ, овој двоец е најпосакуваната опција меѓу членството во партијата на мајскиот Конгрес. Наводно, ниту актуелниот лидер Бранко Црвенковски немал против новите наследници, а Заев и Шекеринска веќе добиле поддршка и од меѓународниот фактор, пишува Утрински Весник.

sekerinska zaev„Се лобира за таа варијанта, која за мнозинството членови е најприфатлива. Има голем дел приврзаници на Црвенковски и тие заговараат тој да остане на челното место, а дел јавно, дел прикриено се спомнуваат и други имиња. Но, Заев и Шекеринска се фаворити“, тврдат функционери во партијата.

Се зборува дека меѓународниот фактор веќе дал поддршка за ваквата коалиција. Според калкулациите, Шекеринска важи за одличен промотор на земјава при евроатлантските интеграции, има воспоставено добри односи со угледни странски политичари и организации, високо котира и кај амбасадорската елита во земјава. Од друга страна, нејзиниот имиџ на политичар кој нема директна врска со теренските работи, треба да го надополни струмичкиот градоначалник, Зоран Заев, кој важи за „човек од народот“.

Заев и Шекеринска вчера не сакаа да коментираат, во СДСМ е договорено да се молчи околу претстојниот Конгрес, кој би требало да се одржи околу 20 мај.

Блокот Шекеринска – Заев јавно проработи во пресрет на локалните избори, кои тие двајцата беа најгласни противници на одлуката за бојкот на локалните избори.

Утрински Весник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1