Шекеринска: Македонија и Грција се блиску до решение, но ништо не е решено додека не се реши се


Македонија и Грција се блиску до решение но ништо не решено додека не се реши се, вели вицепрмеиерката Радмила Шеќеринска во интервју за Франс24.

Јавноста во Македонија и Грција го очекува епилогот од најавениот телефонски разговор меѓу македонскиот премиер Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас. За официјална Атина клучот за решение е во рацете на македонскиот премиер. Грчката Влада уште еднаш го повтори ставот дека направила се што е во нејзина моќ и дека сега на потег е Скопје, јасно ставајќи на знаење дека патот до решение води само преку промена на македонскиот устав и прифаќање на новото име за севкупна употреба.

За да го смени Уставот на премиерот Заев ќе му треба и поддршката на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Опозицискиот лидер Мицкоски на саботниот митинг уште еднаш повтори дека неговата партија не прифаќа промена на Уставот за промена на уставното име.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1