Шекеринска: Продолжуваме по прав пат до нова победа на брзи избори


Кога е најважно ние сме најбројни, кога е најсериозно ние сме обединети и тоа повторно ќе го покажеме, истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на граѓанска трибина во Струга.

„Постои една порака многу јасна и најважна, ние нашето го испорачавме, Европската Унија направи историска грешка. И тоа е порака испратена од највисоките претставници на Унијата. Со чист образ и многу долга листа исполнети обврски дојдовме во Брисел. Се она што зависеше од нас беше исполнето.Разбирливо е разочарувањето на граѓаните, но едно нешто останува јасно, ова што ни се случи не прави посилни, не прави повеќе убедени дека сме на вистинскиот пат и дека ќе победиме. Затоа од Струга праќаме порака дека веруваме во нашата држава и нашиот народ. Подготвени сме. Веруваме дека нашиот народ ја носи вистинската одука на брзи избори за да продолжиме по прав пат“, Шекеринска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1