Последните неколку месеци на социјалните мрежи на Фејсбук кружи фотографија на која е прикажан Бил Гејтс кој во раката држи хартија со порака на која очигледно многу луѓе наседнале.
Иако фотографијата од самиот почеток предизвикала сомнеж околу вистинитоста за тоа што го тврди, повеќе од 100.000 корисници на Фејсбук ја споделиле фотографијата, а истото го прават се’ уште.
Станува збор за фотографија објавена на социјалната мрежа Reddit, која некој од забава ја променил, и наместо правилното: “Здраво, Reddit, тука Бил Гејтс”, ставил порака за тоа дека Гејтс подарува пари за секој “share”, пишува порталот Grahamcluley.
Оваа порака не е дизајнирана за да му наштети на вашиот компјутер, туку служи за ширење на “дезинформации”, односно за хаос на интернет.
Оваа порака ја покажува довербата на луѓето во информациите од интернетот. Иако конкретната порака не претставува опасност, сепак треба да внимавате што споделувате