Кандидатот за претседател на Србија и лидер на Српската радикална партија, Воислав Шешељ во синоќешното преставување на РТС рече дека на државните граници би требало да се подигне ограда за да се спречи илегалниот прилив на мигранти, а доколку тоа не е доволно тогаш треба да се постави минско поле.
Лидерот на радикалите рече дека е горд што толку години поминал во Хашкиот трибунал како и дека тоа нема да му биде пречка во односите во регионот доколку победи на изборите.
Тој рече дека никогаш нема да се откаже од идејата за „голема Србија“, наведувајќи дека таа не опфаќа само православни Срби туку и Срби католици и муслимани.
Одговарајќи на наводите дека тој му е на Вучиќ најомилен опозиционер, Шешељ рече дека Вучиќ му е поблизок отколку другите опозициски кандидати, но дека не му е доволно близок за со него да прави Влада се додека не се откаже од членството во ЕУ.