Шешељ: Нема да умрам додека не ја спасам Србија!


Лидерот на Српската радилкална партија (СРС), Воислав Шешељ обвинет во воени злосторства во Хрватски БиХ, во саботата изјави дека доброволно нема да се врати во Хаг, поради тоа што сака „на маки да го стави режимот во земјата“, пренесуваат српските медиуми.

– Доброволно не одам. Доволно беше тоа што го растурив Хашкиот трибунал. Режимот тврди дека барањето на Хашкиот трибунал е удар врз Александар Вучиќ. Па веројатно е и удар врз мене. Да беше ова удар врз него, веројатно ќе бараа тој да се врати во Хаг“, рекол Шешељ на конгресот на СРС, додавајќи дека преку ова Хашкиот триунал го ставил режимот пред нов испит.Seselj

-Нема да одам доброволно поради тоа што сакам нив да ги ставам на маки. Нема да бегам ниту кријам, нека ме носат на аеродром“, истакнал Шешељ, чие враќање од привремената слобода на која е од ноември минатата година беше побарано од Хашкиот трибунал.

-Очекуваа дека ќе умрам. Нема да умрам сé додека не ја ослободам Србија“, изјавил лидерот на српските радикали, наведувајќи дека „на режимот“ на Српската напредна партија „му дошол крајот“.

Според него, режимот на Српската напредна партија продолжува да спроведува разорна и предавничка политика, исполнувајќи ги сите барања од Западот, како што се предавството на Косово и политиката кон Русија.

-Уверени сме дека ќе успееме да го собориме режимот, пред тој да ја уништи Србија. Тие ветија дека српскиот народ ќе живее подобро, а првото нешто што го направија по изборите беше намалувањето на пплатите и пензиите“, додал Шешељ. Тој, исто така, рекол дека неговата партија нуди откажување од евроинтеграциите за сметка на интеграција со Русија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1