Шешељ се враќа во Белград: Сите сили ќе ги насочам кон одмазда


Војислав Шешељ уште денес ќе биде на слобода, јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на изјави на членови на семејството по веста дека хашкиот обвинет и лидер на српските радикали ќе биде привремено пуштен на слобода поради нарушеното здравје, јавува Блиц.

news-2014-Februar-seselj_ajfelovv_681826637Судскиот совет на Хашкиот суд (ИЦТЈ) одобрил привремено ослободување на Војислав Шешељ, а веста предизвика големо внимание кај српските медиуми. Претставници на Српската радикална партија (СРС) веќе најавиле голем собир на кој Шешељ ќе им се обрати на граѓаните на Србија.

Зоран Красиќ од СРС тврди дека „само е прашање на денот кога Шешељ ќе биде во Белград“, што зависи од процедурите на ИЦТЈ, додека синот на Шешељ, Александар тврди дека ќе допатува уште денес.

„Доколку се вратам во Србија нема да се бавам со своето лекување, туку сите сили ќе ги фокусирам на одмаздата“, порачал Шешељ од Хаг.

Судскиот совет на Хашкиот суд вчера решил лидерот на српските радикали, чија здравствена состојба се влошила, привремено да го пушти на слобода за да добие здравствена нега во соодветни услови.

Српските медиуми претходно јавија дека Шешељ боледува од рак на дебелото црево кој, по операцијата направена летоска, метастазирал во црниот дроб.

Лекарскиот конзилиум кој го посетил Шешељ во притворот соопштил дека тој во Хаг несоодветно се лекува и дека му е загрозен животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1