Шест годишно дете малтретирано во градинка во Аеродром


Воспитувачка нападнала дете во градинката “Срничка” во Скопје. 36 годишна скопјанка вчера во Полициската станица Аеродром пријавила дека откакао го зела нејзиниот син од градинка, забележала дека на десниот образ има оток. Кога го прашала шестгодишното дете од што му е повредата, тоа кажало дека неговата воспитувачка го удрила неколку пати по десниот образ.

Мајката за ова веднаш го известила директорот на градинката, а тој и рекол случајот да го пријави во полиција.

Истовремено, таа го однела синот во Здравствена установа, каде од страна на лекар и била издадена лекарска потврда за констатирани повреди во вид на оток во пределот на лицето.

Од градинката Срничка, за Сител велат дека случајот е пријавен во надлежните институции и во тек е истрагата.

– Кај нас беше пријавен овој случај и ние истиот веднаш го процесуиравме до надлежните органи, кои треба целосно да го истражат случајот. Ние сеуште немаме преземено никакви мерки против воспитувачката бидејќи таа тврди дека не е вистина тоа што го кажало детето. Мојот став за вакви случаи е секогаш јасен, доколку се утврди било каква одговорност, мора да има настрога казна, вели директорот Димулков.

Од министерството за труд и социјална политика најавија дека по комплетирање на подтребанат документација ќе спроведат вонредна инспекција до крајот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1