Екстремната мерка е оценета како „најголемото бришење од историјата изведено од официјалната KCNA новинска агенција и Родонг Синмун весникот“, според ведникот Гардијан.
Но, ова не е прв пат политички лидер да се обиде да избрише личност од историјата – еве уште 5 лица за чие постоење речиси и не се знае:
Николај Јежов, шеф на тајната полиција на Сталин
Јежов го носи прекарот „Исчезнатиот комесар“ помеѓу историчарите на уметност поради неговото бришење од сите фотографии и слики после неговата егзекуција во 1940 година.
Јежов, лојален сталинист, бил шеф на полицијата за време на Големата чистка на Сталин, и надгледувал масовни апсења и егзекуции на оние кои не му биле верни на Советскиот режим пред иронично да биде уапсен, мачен, тепан, и на крај натеран да се самоубие поради нелојалност.
Сталин бил познат по елиминирањето на сите траги од оние кои му станале немили, или оние кои веќе не му биле веќе од корист, вклучително и Јежов.
Јозеф Гебелс, министерот за пропаганда на Хитлер
Гебелс бил бескрајно ценет од Хитлер за неговиот ентузијазам, брилијантните идеи, и жестокиот антисемитизам. Хитлер го направил Гебелс негов шеф за пропаганда, и го праќал низ цела Германија да регрутира и придобива повеќе нацисти и да го засили моралот за време на војната. Гебелс бил еден од ретките луѓе во внатрешниот круг на Хитлер, и дури и помогнал да се спали телото на Хитлер после неговото самоубиство.
Како и Сталин, и Хитлер бил познат за „бришење“ на луѓето, но не се знае кој го избришал Гебелс од познатата фотографија од 1937 година снимена во домот на германскиот режисер и фотограф Лени Рајфенштахл.
Леон Троцки, руски револуционер
Како еден од повлијателните ликови за време на раните денови на Советскиот сојуз, Троцки бил лидер на Болшевичката револуција, но секој документ каде се спомнувал бил елиминиран откако се разделил од другарот и соборец во револуцијата Владимир Ленин.
Ленин подоцна го окарактеризирал Троцки како предавник во 1917 година, и после смртта на Ленин Троцки бил избришан од документите и фотографиите од страна на Сталин. Троцки не бил егзекутиран, но бил доживотно избркан од Советскиот сојуз.
Бо Гу, водач на Кинеската комунистичка партија
Кин Бангжиан, попознат како Бо Гу, бил „човекот со најголема одговорност во ККП“, и имал огромна одговорност за време на владеењето на Мао Цедунг.
Сепак, како резултат на лошата комуникација во тактичката воена одбрана во Зенји конференцијата за време на Долгиот март, Бо Гу бил критикуван и опишан како „човек кој прави сериозни политички грешки“ и отстранет од командата во 1935.
Григориј Нелјубов, советски космонаут
Еден од првите руски космонаути кој патувал во вселената во 1960 година, бил опишуван како „неверојатна личност, одличен пилот, спортист…“.
Основачот на вселенскиот тим наречен Шестемина од Сочи, Нелјубов бил веројатно третата или четвртата личност во вселената пред да биде избркан од Советската вселенска програма поради проблеми со алкохолот, поради што бил избришан од аудио снимките од програмата.
Нелјубов бил згазен од воз, и неговата смрт до ден денес се смета за самоубиство.
Tocka.com.mk