Шест лица уапсени и едно рането во акцијата во Брисел


Шест лица се уапсени а едно е рането во големата антитерористичка операција којашто во неделата ноќта продолжува во централното подрачје на белгиската престолнина Брисел, La Dernière Heure, според кој операцијата продолжува во неколку други белгиски градови.

Според весникот, операцијата во центарот на Брисел е завршена и во неа се уапсени шест лица. Уште еден маж е уапсен во јужниот белгиски град Шарлероа. bruxelles_965349S1

Во другите населби на Брисел, вклучително и предградието Моленбек од кое потекнуваат главните осомничени за париските напади од 13-ти ноември, како и во неколку други градови во Белгија, особено во Лиеж, антитерористичката операција продолжува и ноќта кон понеделникот.

Претходно белгиската полиција апелираше до медиумите да не објавуваат детали од текот на операцијата до нејзиното завршување.

Телевизијата RTBF, исто така, известува дека во неделата ноќа се вршат пребарувања на домови и приведувања во повеќе општини на Брисел во потрага по лица осомничени за терористи кои подготвуваат напади во земјата, но не наведува локации и бројки.

Телевизијата повикувајќи се на свои извори пренесува и дека целта на операцијата е да се неутрализираат лица кои претставуваат закана за безбедноста на Белгија, и во тие рамки се вршат претреси на домови и приведувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1