Колекционерите на морбидни предмети лицитираат за јажето со кое беше погубен поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Јажето во моментот е сопственост на поранешниот советник за национална безбедност на Ирак, д-р Мовафака Ал-Руби.
Почетната цена на јажето изнесува над шест милиони долари.
Д-р Ал-Руби, кој го водеше Хусеин на погубувањето, е фотографиран во својот дом во Ирак покрај биста на Хусеин, а околу вратот виси јажето.
По објавувањето на фотографијата, голем број луѓе, меѓу кои и двајца бизнисмени од Кувајт, богато семејство од Израел и религиозна организација од Иран, покажале голем интерес за купување на јажето со кое е погубен Хусеин.
Најмногу е понудено шест милиони доалри, но д-р Ал-Руби бара повеќе пари.
Хусеин беше обесен откако беше прогласен за виновен за злосторства против човештвото. Тој пред да биде соборен од власт во 2003 година владееше со Ирак 23 години.