Изабела Барет има само шест години, но благодарение на својата модна линија таа веќе е милионерка.
Својата кариера таа ја започна во контроверзното шоу „Toddlers & Tiaras“, каде мали девојчиња се натпреваруваат во убавина. Верувале или не, таа има и своја модна линија на шминки и накит, поради што заработува милиони долари.
-Ми се допаѓа што сум милионерка. Јас сум суперѕвезда, имам свој накит и многу сакам да шефувам. Никогаш не губам, победувам на секој натпревар, вели шестгодишната дива. Таа додава дека голема слабост и се чевлите и има над 60 пара обувки.
Нејзината мајка Сузана смета дека ќерка и не претерува кога троши и по 10.000 долари за еден фустан или, пак, над 2.000 долари за храна додека престојуваат по хотели.