Вчера околу 18,40 часот во ЕИК-Скопје, било пријавено дека на локалниот пат за с.Радишани-с.Љубанци, се случила сообраќајна незгода помеѓу „рено“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.М. (35) и „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од В.П. (34) и двајцата од Скопје.
Во незгодата со тешка телесна повреда, поточно фрактура на десна рака и контузија на глава, се здобил сопатник од возилото „рено“ на возраст од шест години, кој бил пренесен и задржан на лекување во Ургентниот центар во Скопје.