Шестгодишно девојче присилија на брак


Пакистанската полиција уапси шест лица обвинети зошто договориле брак меѓу седумгодишно дете и шестгодишно девојче на истокот од Пакистан.pakistan-vencanje-foto-profimedia-1454936048-840615-37248

Татковците на децата, свештеникот кој ја водел свечената церемонија и тројца сведоци се обвинети и уапсени, и им се заканува шестмесечна казна затвор и казна од 50.000 рупии (500 долари). Иако сите негираа дека се случила венчавка, полицијата тврди дека има видео снмика од церемонијата.

Инаку, пакистанските законодавци минатиот месец не го прифатија предлогот за постоги казни за оние кои договараат бракови меѓу деца, зошто религиозните претставници тоа го прогласија за спротивно на исламот и сквернавење.

Според тој предлог, старосната граница за венчавање на девојчиња треба од денешните 16 да се поткрене на 18 години, па оние го организираат малолетни бракови би можеле да добијат затворски казни.

Според шеријатскиот закон, било кој може да се венча штом влезе во пубертет, а невозможно е законски да се одреди времето кога тоа точно се случува

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1