Шестото масовно изумирање на Земјата веќе почнало (ВИДЕО)


Земјата влегува во фаза на масовно изумирање кое му се заканува дури и на опастанокот на човештвото, сметаат истражувачите.

Тим од американски научници тврди дека нивната студија без никакви сомнежи потврдува дека Земјата влегува во шестиот голем циклус на истрежување.zemja

Студијата покажала дека некои видови исчезнуваат дури и за 100 пати побрзо отколку што се очекувало и дека тоа е дури и ублажена проценка.

Таков катастрофален губиток на животнските видови претставува голема закана и за опстанокот на човештвото, бидејќи клучните заштитници на екосистемот, како што се инсектите опрашувачи и организмите кои што ја прочистуваат водата, можат да бидат загрозени.

Според сегашното темпо на исчезнување на поединечни видови, луѓето можат да ја изгубат големата корист која што ја имаат од биодиверзитетот и тоа за само три генерации, тврди Пол Ерлих, професор по популациони студии на отсекот по биологија при Стенфорд Вудс институтот, кој и ја предводел оваа студија.

– Ја сечеме гранката на која што седиме, вели Ерлих.

Студијата опоменува дека некои луѓе го забрзуваат процесот на изумирање на поединечни видови и дека имаме сè помалку време за некои од нив да ги заштитиме.

– Ако сè продолжи да се одвива според ова темпо, на животот би му требале повеќе милиони години за да се опорави, вели уште еден истражувач, Џерардо Себалос, од Автономниот Универзитет во Мексико.

Авторите стравуваат дека 75 отсто од видовите би можеле да бидат изгубени за само две генерации.

– За да ја избегнеме последната фаза од шестото големо изумирање потребно е да реагираме многу брзо и да вложиме многу повеќе труд во зачувувањето на загрозените видови, пишуваат авторите.

– Оптимистичен сум бидејќи мислам дека луѓето сепак набрзо ќе реагираат, изјавил Себалос.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1