Шилегов: Додека сум градоначалник на Скопје, водата за пиење нема да поскапи


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, нема да дозволи покачување на водата за пиење.

Тој денеска ги повлече од дневен ред точките 25, 26 и 27 од дневниот ред на петтата седница на Советот на Град Скопје која што се одржува во моментот.

– Имајќи предвид по извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на ЈП „Водовод и канализација“, имајќи предвид дека се политикантски мотивите на Регулаторната комисија, имајќи предвид дека Регулаторната комисија не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, предлагам точките 25, 26 и 27 да се симнат од дневниот ред. Додека сум јас градоначалник на Скопје, граѓаните на Град Скопје поради политикантски одлуки на партизирани органи од минатото нема потреба да плаќаат поскапа вода. Водата ќе остане со истата цена, а ние со домаќинско работење ќе ги сервисираме сите потреби на јавното претпријатие – изјави Шилегов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1